Колозова: БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија

од Vladimir Zorba

ПОД ЕДЕН, тест за вашата сопствена фашизоидност. Како звучи следново: „Германија не е нацизам. Германија е пријателска земја.“ И како звучи „Германија е нацизам, Германија е непријателска земја“? Сега, заменете „Германија“ со „Бугарија“, пишува на својот Фејсбук профил Катерина Колозова, за интервјуто за БГНЕС кое ја крена јавноста на нозе.

ПОД ДВА: И сега вака – БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката ИСТОРИЈА на Бугарија. Лажете – не негираше историја. Формулацијата е во сегашно време. Вистиномери? Да проверевте нешто? Да наведевте цитати?, прашува таа.

„Бугарија не е фашистичка земја, Бугарија е наш пријател“, истакнува Заев во интервјуто. Според него, политичарите од бивша Југославија ги држеле Бугарите и Македонците разделени.

„Ние, двете земји, мора да бидеме доволно паметни да ја искористиме оваа заедничка историја за да изградиме мостови на пријателство. Затоа велиме дека Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, кој се борел за слободата на Македонија, за Одринско и за сите. И ова е апсолутна реалност“, дециден е Заев.

Слични содржини