Колозова: Истите што ќутеа за време на Грујовите реформи, сега се против реформите во образованието

од Vladimir Zorba

Истите што ќутеа и се криеја за време на Грујовите реформи, па се приклучија крадешкум на Пленумите, и им беше страв на Филозофски да се среќаваме па во тоа нашиот Институт првите средби среде зима се држеа со стотици – колку можеа да се соберат – сите тие се против реформиве, на чело со „Првата Пленумка“, сподели Проф. д-р Катерина Колозова.

„Да додам: „првата пленумка“ не беше прва, и дојде кај мене во Институт кајшто јас, Огнен Чемерски покоен и Игор Јовановски веќе работевме на мобилизација, мислам на Ванковска – после што не се појави на ниеден пленум во живо, оперираше по мејл и телефон, а се појави во живо кога цупкаше на она тротоарот пред Груевски,

2) Војо СараЌински, историчарот од Филозофски беше единствениот „пленумец“ кој се шеташе маскиран со капа од пусти страв и исто како Ванковска се појави само еднаш во живо ама со пораки и ФБ бараташе (кутриот, само на него служби му се закануваа),

3) Јасна Котеска, и тие другата екипа, која во знак на протест заедно со Апасиев го напушти ПП кога „јас ја избркав“ „првата пленумка“ (непојавена во живо),

4) и сите што му ќутеа на реформите на Грујо кога практично им кажа дека се неспособни – море буквално им кажа, и тоа пред сЕ на УКИМ – дури ни да издаваат дипломи па он ќе ги преиздава преку МОН („државниот испит“) – таа е таа екипа што се буни сега.

Така што сите овие „катедри“ што така стручно реагираат, не се баш толку надидеолошки и научно непристрасни во своите мотиви“, посочува Колозова.

Слични содржини