Комична сцена во Србија: Политичар од партијата на Вучиќ бара прашања од новинари во празна сала (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи кружи видео од Србија на кое политичарот Владимир Орлиќ, претставник на Српската напредна странка, чиј претседател е српскиот претседател Александар Вучиќ, одржа прес-конференција.

На крајот од конференцијата тој им се обрати на присутните со зборовите: „Ве молам, доколку имате прашања“, каде што камерманот го прошири кадарот и покажа целосно празна сала.

Видеото ги насмеа корисниците на социјалните мрежи. Видеото е објавено со натпис: „Најсилната прес-конференција во последните 1000 години“.

Слични содржини