Комисија за привилегии: Џонсон треба да биде суспендиран од парламентот на 90 дена

од Stefanija Kuzmanovska

Комисијата за привилегии на Долниот дом денеска заклучи дека поранешниот британски премиер Борис Џонсон треба да биде суспендиран од Парламентот на 90 дена поради намерна измама на парламентот за забавите кои ги организирал за време на пандемијата.

Комисијата изјави дека Џонсон намерно го измамил Долниот дом и бил соучесник во, како што ја нарече, „кампања на злоупотреба и обиди за заплашување на комисијата“, објави денеска Би-Би-Си.

Џонсон намерно го измами парламентот за забавите за кршење на карантинот кои ги организираше за време на пандемијата, што го поткопа неговиот кредибилитет и придонесе за неговиот пад, соопшти комисијата на пратеници по едногодишна истрага.

Членовите на персоналот на Џонсон одржаа серија забави во 2020 и 2021 година кога таквите собири беа забранети поради пандемијата.

Долниот дом на општините сега ќе расправа за извештајот на комисијата и ќе одлучи дали се согласува со наодите на комитетот и препорачаните санкции.

Комитетот, исто така, рече дека Џонсон не треба да добие пропусница до зградата на парламентот.

Слични содржини