Кон кон колегите антиваксери: Вакцината е единствениот спас

од Берта Китинска

Епидемиологот и член на српскиот  Кризен штаб за борба против коронавирусот, д-р Предраг Кон, денеска испрати порака до антивксерите, велејќи дека повеќе од 10.000 луѓе починале минатата година поради „ковид-19“, и уште еднаш ги повика сите да вакцинираа се затоа што тоа е единствениот спас од пандемијата.

– Некои академски граѓани, дури и професори на Медицинскиот факултет со голема репутација, во суштина целиот свој работен век го посветија на антивксерството, чекајќи ја можноста, според нивното мислење, „да докажат дека вакцините се непотребни“. Претходно, тие се обидоа да го намалат опфатот со редовни вакцини со цел да „докажат“ дека, на пример, сипаниците не се значајна болест. Во епидемијата што се случи во Србија, 15 лица починаа во 2017/2018 година.Денес знаеме дека само минатата година над 10.000 луѓе починаа како последица на „ковид 19“, како што за жал, илјадници и илјадници умираат и оваа година. Нивниот одговор е дека во спротивно луѓето умираат …  напиша Кон на својот профил на Фејсбук.

Слични содржини