Кон: За три недели, бројот на новозаразени може да стане четирицифрен

од Vladimir Zorba

Епидемиологот и член на Кризниот штаб за борба против коронавирусот, Предраг Кон, објави дека болниците за новозаразените „најверојатно ќе започнат да се полнат за седум дена“, и дека за три недели бројот на нови случаи може повторно да стане четирицифрен на дневна основа.

Тој на својата страница на Фејсбук напиша дека „нема време за размислување“ и дека затоа е итно да се започне со задолжителна вакцинација на здравствените работници, а потоа и други групи жители кои се изложени на посебен ризик или се во состојба масовно да заразат други заради работите кои ги вршат.

„За оние за кои сум сатана, продадена душа, предавник, за кои злонамерно се радувам на повторното враќање на „Ковид 19“, се молам, па дури и инсистирам да се фокусираат на единствениот противник на сите нас, а тоа е вирусот, овој пат на делта-варијантата . За оние кои ме обвинуваат дека ширам паника… Кога пожарот ќе започне, вие се криете и не гледате, само за никој да не види… Баталете го тоа“, напиша Кон.

Слични содржини