Конго прогласи крај на епидемијата на ебола

од Stefanija Kuzmanovska

Демократската Република Конго прогласи крај на најновата епидемија на вирусот ебола во источната провинција Северен Киву, изјави денеска министерот за здравство Жан-Жак Мбунги Мбанда.

„После 42 дена засилен надзор без нов потврден случај… Среќен сум што свечено го прогласувам крајот на 15-та епидемија… која траеше еден месец и 12 дена“, рече Мбунги Мбанда, пренесе „Ројтерс“.

Петнаесеттата епидемија во централноафриканската земја се појави на 22 август, кога беше потврден нов случај на смртоносниот вирус во градот Бени на истокот на земјата.

Тестирањето покажа дека случајот е генетски поврзан со епидемијата од 2018-2020 година која избувна во провинциите Северен Киву и Итури, при што починаа речиси 2.300 луѓе. Во текот на избивањето на уште една епидемија минатата година, починаа уште шест лица, пренесува „Танјуг“.

Слични содржини