Конте даде точен рок по кој Тотенхем ќе може да се бори за титулата

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте изјави дека на тимот му требаат уште најмалку два преодни рока за да стане вистински кандидат за титулата во Премиер лигата. Спарс освоија 10 поени од можни 12 од првите четири натпревари и ќе бараат четврта победа сезонава на гостувањето кај Вест Хем во среда. Италијанецот изјави дека разговарал со раководството на клубот за неговите трансфер планови, но засега е задоволен од групата играчи што ги има на располагање.

„До сега се обложував на постари играчи бидејќи имам поголема јасност за нивните квалитети. Работиме со новите играчи месец и половина и тие се уште се навикнуваат на тоа. Мислам дека моите избори беа точни, затоа што постигнавме четири добри резултати на нашите четири натпревари. Сега, кога ќе почнеме со натпревари на секои три дена, ќе има ротации и тоа е нормално. Играчите се доволно паметни да знаат дека понекогаш мора да седат и на клупа. Ова е период кога навистина ќе знаеме дали можеме да се бориме за титулата“, изјави Конте.

„Во споредба со минатата сезона, ние сме покомплетен тим. Но, за да стигнеме до тимовите кои се на врвот, ни треба време, трпение и работа на трансфер пазарот. Мислам дека ни требаат уште два прозорци за да го достигнеме тоа ниво. “, заврши Италијанецот.

Слични содржини