Контра удар: Кина размислува за забрана на iPhone

од Vladimir Zorba
333 прегледи

Кина може да ја забрани продажбата на производи на Apple во земјата, вкл. iPhone, како одговор на бариерите, кои САД ги креваат пред Huawei на американскиот пазар. Ако планот е имплементиран, Huawei може да го замени Apple, па дури и Samsung и да стане број еден производител на паметни телефони во светот.

Без пристап до кинескиот пазар, Apple ќе загуби околу 19% од своите приходи, како резултат на што ќе му се наложи да скрати 10-20% од персоналот, или околу 30 илјади лица, забележува Gizchina. Ова сериозно може да ја разниша позицијата на компанијата на глобалниот пазар.

Во последните неколку месеци владата на САД даде јасни сигнали дека на секој можен начин ќе спречи на кинеските производители на смартфони да прават бизнис во земјата. Прво, властите не дозволија на Huawei да склучи договори со телекомуникациските оператори, обвинувајќи ја компанијата за шпионажа, а пред неколку дена Министерството за трговија забрани извозот на американски производи – особено чипови Qualcomm – за потребите на друг кинески гигант – ZTE, до 2025-та година, поради врските на компанијата со Иран.

Како одговор на тоа, кинеската влада ја разгледува можноста за забрана за продажба на машини на Apple на територијата на земјата. Главната причина ќе биде закана за националната безбедност, како што направија САД во случајот на Huawei. Ако Пекинг навистина направи таков потег, Apple сериозно ќе страдаат со оглед на обемот на кинескиот пазар.

Покрај тоа, Huawei ќе го надмине Apple од второто место на глобалниот пазар на паметни телефони. А ако продажбата на Huawei на домашниот пазар драматично се зголеми поради отсуството на Apple таму, кинеската компанија може да го смени Samsung на првото место и да стане број еден снабдувач на паметни телефони во светот.

Очигледно, Huawei, Samsung, Xiaomi, Oneplus, Oppo, Vivo и Meizu ќе се натпреваруваат за 46-те милијарди долари, кои Apple ги прави годишно во Кина. Се претпоставува дека Huawei има најдобри шанси да земе лавовски дел од продажбите на iPhone.

Слични содржини