Коосновачот на Твитер Џек Дорси: Хиперинфлацијата ќе промени се, тоа ќе се случи во САД, но и во светот

од Milan1

Коосновачот на Твитер Џек Дорси верува дека инфлацијата во САД ќе ескалира и дека работите ќе станат многу полоши.

Хиперинфлацијата ќе промени се. Тоа ќе се случи наскоро и во САД, но и во светот, напиша Дорси на Твитер, во врска со растот на потрошувачките цени во САД, кој е блиску до 30-годишниот максимум, и зголемената загриженост дека проблемот може да биде уште поголем од она што го очекуваа креаторите на монетарната политика.

Претседателот на Федералните резерви Џером Пауел во петокот призна дека инфлациските притисоци „веројатно ќе траат подолго од претходно проценетото“, истакнувајќи дека тие би можеле да продолжат и идната година.

Лидерот на американската централна банка додаде дека очекува ФЕД наскоро да започне со повлекување на корона мерките за поддршка на економијата, за кои критичарите велат дека го стимулирале растот на инфлацијата.

 

Слични содржини