Короната по трет пат го одложи филмот за Џејмс Бонд

од Stefanija Kuzmanovska

Новото продолжение на филмот за британскиот агент Џејмс Бонд е одложено по трет пат поради пандемијата на коронавирусите.

Филмот наречен No Time To Die претходно беше одложуван двапати, а сега новиот датум е закажан за 8 октомври.

Да потсетиме, филмот првично требаше да има премиера во април 2020 година.

Станува збор за 25-ти филм за Бонд, а овој пат агентот го игра Даниел Крег. Ова е воедно и негово последно појавување во франшизата.

Заедно со Крег, во актерската екипа, меѓу другите, се и Леа Седу и Рами Малек.

Новото одложување беше предизвикано од одлуката за затворање на кината поради „локдаунот“ во светот.

Слични содржини