Косово има олимписка шампионка во џудо

од Берта Китинска

Косовската џудистка Дистрија Красниќи го освои златото на Олимписките игри во Токио во категоријата до 48 килограми.

Красниќи, која е актуелен европски шампион, стигна до златото совладувајќи го домашниот претставник Фуна Тонаки, светски шампион од 2017 година и светски вицешампион од 2018 и 2019 година, во финалето. Така, Косово стана и прва европска земја што освои злато на ова годишна Олимпијада.

Слични содржини