КОСОВО СЛАВИ 15 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: „Стабилноста на Приштина е важна за С. Македонија и европскиот Балкан“

од Nikola Popovski

Во Приштина денеска се одбележува 15-годишнината од прогласената независност на Косово. Од свечената седница на Владата на Косово, тамошниот премиер Албин Курти им се заблагодари на припадниците на таканаречената ОВК за, како што рече, издвојуваната слобода и нагласил дека денес Косово денес е „пример за демократија на нестабилниот Балкан“. „Вие сте тие што не дозволивте и нема да дозволите злоупотребата на власта да помине неказнето на Косово. Затоа, вие сте тие кои заслужуваат честитки и воедно најсрдечна благодарност за 15-годишнината од оваа демократија. Ако во другите земји институциите даваат модел, а граѓаните се трудат да го следат тој модел, во нашето Косово граѓаните го даваат моделот, а ние институциите сме тие кои треба да се потрудиме да ги следиме“, рекол Курти. Сепак, високата невработеност, корупцијата и несигурноста на луѓето во помалите заедници е секојдневната реалност со која се соочуваат Косоварите. Речиси непостоечката економија е причината поради која најмалку 17 отсто од граѓаните живеат во сиромаштија и зошто секој втор човек до 30 години е невработен.

Фадиљ Љепаја

Дел од експертската јавност на Косово сепак тврдат дека независноста на Косово е од суштинско значење за целиот Балкан. Според колумнистот и политички аналитичар Фадиљ Љепаја, независноста на Косово е важна бидејќи овозможува создавање нови односи во регионот, а особено е важна за независноста на Северна Македонија, за отворениот и европски Балкан.

Тој во разговор за „Локално“ вели дека тоа е модел кој ја промовира идејата дека големите држави и националните држави не се најважна цел за етничките групи, туку дека е важно да се изгради општество во кое владеат граѓаните и каде што создаваме односи на европски потпринципи.

-Секако, важно е за стабилноста и просперитетот на Косово односите со Србија да бидат добри и сите ние и регионот да бидеме фокусирани на соработка во заеднички цели. За среќа, Србија, колку и да се стреми кон доминација и создавање на криза, нема потенцијал да ја спречи или сериозно да ја загрози независноста и суверенитетот на Косово и неговиот европски пат, порачува аналитичарот.

За денешната изјава на албанскиот премиер Еди Рама дека тој и Курти работат на иста цел – обединување на сите Албанци, Љепаја вели дека Рама и Курти се европски ориентирани, а повеќето Албанци обединувањето во рамките на Европската заедница го гледаат како цивилизациска и политичка цел.

-Ниту Албанија, ниту Косово не гледаат перспектива во конфликти со соседите, туку во соработка во регионот. Се разбира, ваквите изјави се наменети за конјунктури кои мислат дека можат да ги постигнат своите цели преку војна или конфликт. Според мене, европскиот пат е можност за сите народи да ги остварат своите аспирации за заеднички живот, без пречки да ги развиваат своите особености каде и да живеат, истакнува колумнистот.

Оценува дека би било добро одлично за сите во регионот Србија што поскоро да се вразуми, да ги спроведе потребните општествени реформи, да се ослободи од средновековните идеологии и да го реформира односот кон црквата и религијата, бидејќи таа идеологија всушност ги попречува односите со соседите, не само Албанците туку и Македонците, Црногорците, Бошњаците, Хрватите итн.

-Мислам дека дојде време Србија да се денацизира, да се демократизира и православието да не стане национална идеологија на Србите, туку да стане тоа што е во целата демократска сфера, одвоена од државна и приватна работа на граѓаните, смета Љепаја.

Фатмир Шеноли

Косово направи големи чекори кон ЕУ перспективата во овие 15 години, порачува пак косовскиот аналитичар Фатмир Шеноли во разговор за „Локално“. Тој е дециден дека големите реформи во различни области овозможија Косово за 15 години да стане атрактивна земја за странски капитални инвестиции.

-Независноста на Косово не е загрозена од отворените прашања со Србија. Косово ќе се стреми да го реши дијалогот со Србија и заедно да се движиме кон евроатлантските процеси. Америка е гарант за нормализација на односите на Косово со Србија и затоа нема од што да се плашиме, ни рече Шеноли.

Категоричен е соговорникот дека стабилноста на Косово значи создавање стабилност на Балканот и во оваа смисла верува дека ЕУ и Америка вложија многу напор за тоа да се случи.

-Во следните 15 години, Косово го гледам како дел од ЕУ, Обединетите нации, рамноправна држава со сите демократски држави во светот и многу атрактивна мала држава со цел да стане мост за цивилизирани европски текови меѓу држави од поранешна Југославија, објаснува Шеноли.

Н.П.

Слични содржини