Коста Петров со тешки повреди по пад од велосипед

од Nikola Popovski

Минатата сабота утринското возење велосипед спектакуларно заврши со скршеници на двете раце, објави директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Коста Петров.

Тој упати голема благодарност до сите што му помогнале и чекале со него додека дојде брзата помош, особено Перо Камиказа.

-Најголема благодарност до персоналот на Клиниките за траума и ортопедија, особено до Др. Александар Трајановски и Др. Александар Савески, за грижата и посветеноста. Сега следува период на рехабилитација и одмор а за неколку недели продолжуваме со уште по забрзано темпо, стои во објавата на Петров.

Слични содржини