Петров: Не ме прифатија добро во СДСМ

од Nikola Popovski

Влегов романтично во политиката, да менувам, верував во промени, но како ја запознавав партијата подобро се соочив со првата кочница и никогаш не ме прифатија како нивни потпретседател две и пол години, изјавил поранешниот потпретседател на СДСМ и поранешен директор на ТИРЗ, Коста Петров.

Според него, таквиот факт „во партијата во фаца ми го кажуваа“.

-Ми велеа такви како тебе си оделе, ќе си одиш и ти. Си реков што правам на 38 години. Првите месеци бев нов, и кога го доживеав првиот сериозен удар, ја дадов првата оставка по неколку месеци кога се правеа изборните листи за парламентарните избори 2020. Јас сакав да ставам мега успешни личности кои би влегле во политиката, но партијата секогаш победува, рекол Петров во во утринската емисија на Телма.

Слични содржини