Костадинов: Продолжува помошта за граѓаните, економските мерки даваат резултат

од Andreja Salpe

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, на денешната прес-конференција истакна дека и понатаму ќе продолжи помошта за граѓаните, затоа што економските мерки даваат резултат.

,,Економските мерки и политики што ги спроведува Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев обезбедуваат стабилизација на економијата и враќање на претходните стапки на раст. Во тек е шестиот пакет мерки за справување со последиците од коронакризата со што продолжува грижата и помошта за работниците и стопанството. Со овој пакет мерки вреден 17,8 милиони евра ќе се поддржат 10.000 компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Предвидени се 9,9 милиони евра за финансиска поддршка на околу 6.000 угостители. На сите угостители ќе им бидат покриени 30% од приходите, а овој износ ќе се пресметува како просек од просечниот месечен приход во 2019 и 2020 година, на кој ќе се аплицираат деновите во кои овие дејности беа затворени. Сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 6 април 2021 година”, истакна Костадинов

Слични содржини