Костовски: Дрската лага на Мицковски за федерализација е изговор оти е притиснат до ѕид

од desk4

Работната група која ги изготвува нацрт-амандманите го работи само она за што има мандат, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24.

-Самата обврска на членот на СДСМ во работната група е да разговара само по однос на она што го предвидува преговарачката рамка, односно внесот на Бугарите во Уставот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со истите лаги за кантонизации и федерализации, сега има дрска лага за федерализација. Тој е доведен до ѕид, бидејќи одредени теми не му проаѓаат. Ова беше пробен балон за замајување на јавноста, кажа Костовски.

Прашан за замената на терминот „20%“ со „албански јазик“ и обвинувањата за редефинирање на државата Костовски одговори дека уредувањето на државата е уредено со Охридскиот договор.

-Самиот модел на функционирање на општествено-политичкиот живот е уреден со Охридскиот договор, а оваа работна група е формирана аналогно со усвојувањето на преговарачката рамка и оваа група изготвува амандмани согласно договореното од преговарачката рамка, кажа Костовски.

Слични содржини