Коце Трајановски склучил договор со истата фирма, за која ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинуваат Шилегов (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Поранешниот градоначалник на Скопје, Коце Трајановски, додека бил на чело на Градот склучил договор со компанијата „Флај Кем“ ДООЕЛ Скопје за „Изработка на видео документација за тековните инвестициони и инфраструктурни проекти на Град Скопје“.

Претходно денеска Наум Стоиловски, портпаролот на опозициската партија изјави дека пред две недели фирмата „Флај Кем“, која инаку се поврзува со партнерот на министерката за образование, Мила Царовска потпишала договор со Град Скопје за снимање со дрон за 1.340 евра за прелетан километар квадратен над Скопје.

Вкупната сума на договорот потпишан до градоначалникот Петре Шилегов, како што посочи тој, е милион денари.

„Уште повеќе сомнежот за можна злоупотреба е поголем затоа што ваквите договори се повторуваат, на пример, истата фирма беше ангажирана од Шилегов во мај 2019 година, за снимање на диви депонии во Скопје, за речиси иста сума од милион денари за една година, а во тој период се одвиваа избори“, рече Стоилковски.

„Кога после 30 години управување со Град Скопје, градоначалникот Шилегов успеа за само три години да го доведе градот пред набавка на трамвај на тркала, логично е дека оваа партија ќе нема што друго да прави освен да измислува скандали и да пласира лажни вести. Ако се има сево ова предвид, тогаш е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ вештачки се обидува да креира наводни скандали, бидејќи и нив им е јасно дека ќе добијат поразителна порака на следните локални избори. Им порачуваме да почнат да си го сакаат градот во кој што живеат, да почнат да работат за него и да престанат да шират лаги“, реагираа пак од Град Скопје.

Слични содржини