Коцијанчич: Косово да ги укине таксите, а Србија да обезбеди клима за дијалог

од desk4

Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич изјави дека по формирањето на новата влада на Косово треба да бидат укинати стоотстотните такси на увозот на стока од Србија, додека за Белград задачата е да обезбеди поволна клима за разговори со Приштина.

За косовскиот портал ИндексОнлајн Коцијанчич рече дека Европската унија од сите политички актери очекува да останат „посветени на процесот, кој е од клучно значење за Косово, Србија и иднината на регионот“.

– Ја продолжуваме тесната соработка со државите-членки и нашите меѓународни партнери – САД. Дијалогот меѓу Србија и Косово, за кој посредува ЕУ, е процес покренат од Генералното собрание на ОН, а го поддржаа членките на ЕУ, изјави Коцијанчич.

Слични содржини