Ковачевски: Доколку административците не добијат К-15, можат да ја тужат државата

од Nikola Popovski

„Согласно колективниот договор, Владата врз основа на тоа мора да исплати регрес за административците“, вели заменик-министерот за финансии, Димитар Ковачевски за емисијата „Клик плус“.

Според него, бројката на административци кои ќе добијат К-15 изнесува околу 27.000 лица.

„Доколку не ги добијат, тие имаат право на тужба пред надлежен суд и државата може да сноси само последици и да изгуби и да плати трошоци“, додава Ковачевски.

Со ребалансот Владата обезбеди скоро 4 милиони евра за исплата на К-15. Одлуката предизвика остри реакции во јавноста бидејќи пари има за општинарите, владините службеници и правосудството, но нема да добијат просветните и здравствените работници, полицијата и Армијата.

Слични содржини