Ковачевски: Историјата покажува дека без СДСМ не постои Европска Македонија

од Vladimir Zorba

„32 години на историјата на Република Македонија и Република Северна Македонија, потврдуваат едно – дека без СДСМ не постои Европска Макеоднија. Вие погледнете ги сите одлуки кои се носени во овие изминати 32 години, од обезбедувањето на независноста кое го предводеше претседателот на државата Киро Глигоров, кој има 001 членска книшка од СДСМ. Договорот за асоцијација и стабилизација, утврдувањето на кандидатскиот статус, потоа зачленувањето во НАТО, отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се е тоа резултат на работа на СДСМ“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за МИА.

Тој додаде дека на парламентарните избори СДСМ ќе има заеднички листи со коалиционите партнери со кои се блиски и според вредности и според политички програми – ЛДП, ДОМ, Партијата на пензионерите и сите кои се центар или лево политички ориентирани партии со јасна визија за државата во делот на економскиот развој, во делот на социјалата, грижата на младите и интеграцијата во ЕУ.

„Дали ќе се приклучат на тие листи и други политички партии се однесува исто како и за претседателот на државата, доколку оценат дека ги делат тие вредности тогаш сигурно ќе се приклучат. Доколку оценат дека треба да настапат на изборите сами, тогаш тоа ќе биде нивна одлука“ рече Ковачевски.

Претседателот на СДСМ додаде дека вратите на Европскиот фронт се отворени за сите партии, невладини организации, институции и поединци кои ги делат вредностите за зачленување на Северна Македонија во ЕУ, за исполнување на обврските како членка на НАТО, за градење на добрососедски односи и општество во кое секој поединец ќе може да го изрази својот поединечен став или мислење без разлика на неговата припадност.

Слични содржини