Ковачевски: На крајот на самитот ќе усвоиме заедничка декларација

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на крајот на самитот за Западен Балкан што се одржува во Скопје ќе биде усвоена заедничка декларација.

Пред почетокот на самитот, премиерот пред новинарите изјави дека тема на разговор ќе биде Планот за раст на Западен Балкан.

„Планот за раст треба да донесе реформи и финансиски инструменти во износ од шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан. Ќе разговараме и за заеднички активности во областа на трговијата и економијата. Потоа ќе имаме заедничка прес-конференција“, рече меѓу другото Ковачевски.

„Ќе усвоиме заедничка декларација која ќе претставува заложба на спроведување на активностите кои што претставуваа прво реформи во нашите држави, второ зголемена заедничка соработка и трето спроведување на активностите од Планот за раст кој ќе донесе и реформи и поврзување и ќе донесе финансиски инструменти во висина од 6 милијарди евра, 2 милијарди во грантови и 4 милијарди во поволно кредити кои ќе ги гарантира ЕУ“, нагласи претседателот на Владата.

Слични содржини