Ковачевски: Прво ќе победиме на претседателските, па на парламентарните избори во 2024 година

од Vladimir Zorba

Лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција во седиштето на партијата уште еднаш повтори дека ќе нема предвремени избори и оти тие ќе се одржат во редовниот термин во 2024 година.

-Избори ќе има во 2024 година. На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со којашто ќе влеземе во Европската Унија, рече Ковачевски.

Ковачевски на прес-конференцијата најави целосна мобилизација на општеството за, како што рече, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.

Слични содржини