Ковачевски: Сите 14 членови на Мешовитата историска комисија со свој потпис одлучуваат за било кое прашање

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека е особено горд што во неговиот мандат на чело на Владата, конечно после долги децении МПЦ беше примена во канонско единство со сите други цркви и веќе започна процесот на сослужување.

-Бугарската страна си дава изјави за себе. Она што е валидно е кога сите членови на Мешовитата комисија ќе имаат консензуален став за било кое прашање. Се друго се изјави кои што немаат никакво влијание врз финален резултат. Историската комисија работи независно и единствено валидно решение е да биде одобрено од сите 14 членови со нивни потписи и на реципрочна основа во двете држави, рече премиерот како одговор на новинарско прашање.

-Утрово Историската комсија имаше соопштение во кое што во детали објаснија во кој аспект ги анализираат историските периоди и исто така потврдија дека воопшто не се разговара за статусот на црквата од било кој аспект. Сметам дека сите оние кои даваа изјави врз основа на шпекулации и треба да се почекаат официјалните соопштенија, потенцира Ковачевски.

Слични содржини