Ковачевски за Анѓушев: Сериозни се наводите на САД, господинот никогаш не бил член на СДСМ

од Nikola Popovski

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека сериозни наводи биле изнесени при назначувањето на бизнисменот и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на американската црна листа.

-Посочениот господин никогаш не бил член на СДСМ, ниту се чувствувал како член на партијата. Колку што знам, тој беше предлог на Стопанската комора на Македонија. Јас тогаш не бев дел од Владата. Треба да ни биде јасно дека меѓународните институции и стратешките партнери, врз основа на свои информации и наоди, ги носат овие одлуки. Од друга страна и нашите институции имаат обврска да реагираат и испитуваат за секој случај, без никакво влијание врз основа на сите постапки и законитоста за работењето на било кој функционер, рече денеска премиерот одговарајќи на новинарско прашање.

Тој потсети дека Владата веќе донесе одлука во однос на законски решенија, односно санкционирани лица согласно одлуките на ОН и ЕУ и ќе биде изменета и во однос на санкционирани согласно законите на САД, во делот на нивно можно општествени функции во иднина.

На поранешниот заменик-премиер Кочо Анѓушев му е забранет влез во Соединетите Американски Држави, како што е наведено, „поради вмешаност во значителна корупција“.

Стејт Департментот им забрани влез во САД и на неговата сопруга Елизабета и децата Ангел и Огнен.

Слични содржини