Ковид-центрите ќе добијат дополнителен број лекари

од Берта Китинска

Во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари.

Третманот на болните, состојбата со капацитетите на ковид-центрите и ротациите со персонал беа теми на вчерашната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорите на Интерните клиники.

– На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид-пациентите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови. Во моментов има доволно слободни места на Интерните клиники, се следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се појави потреба, ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид-пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Посочија дека во сите ковид-центри на Интерните клиники ќе бидат испратени дополнителен број лекари.
Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579.

Слични содржини