Кралицата Елизабета ја одликуваше здравствената служба со орден

од Stefanija Kuzmanovska

Британската кралица Елизабета Втора го додели орденот „Крстот на Џорџ“ на Националната здравствена служба (НХС) по повод одбележувањето на 73-годишнината од таа служба.

Во приватна порака, кралицата изјави дека вработените во НХС ширум Велика Британија работеле „храбро, сочувствително и посветено“ повеќе од 70 години, пренесува Би-Би-Си.

Извршниот директор на НХС, Симон Стивенс, рече дека со оваа награда е признаена „вештината и силата“ на вработените.

Орденот „Крстот на Џорџ“ , востановен од кралот Џорџ Шести во 1940 година, се доделува за „дела од најголемо херојство или најголема храброст во услови на екстремна опасност“.

Слични содржини