Кралицата Елизабета одби барање од Ким Кардашијан: Не сака да биде во нејзино друштво

од Stefanija Kuzmanovska

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан испратила барање до кралицата Елизабета Втора со желба да присуствува на прославата по повод платинестиот јубилеј на кралицата, но кралицата го одбила нејзиното барање.

На сите им е јасно дека Ким е големо име во странскиот свет на шоу-бизнисот и дека нејзиното влијание е несомнено огромно, но се чини дека некои врати ѝ се се уште затворени.

Бакингемската палата го одби барањето на Кардашијан да присуствува на официјалната прослава, откако ријалити ѕвездата со своето момче Пит Дејвидсон одлета за Лондон.

Ким имала огромна желба да присуствува на овој настан, па на секој начин се трудела да набави билети, дури изјавила дека не ѝ пречело да не се „ВИП“.

Слични содржини