Кралицата Елизабета останува на тронот и по смртта на нејзиниот сопруг

од Vladimir Zorba

Иако голем број Британци очекуваат кралицата Елизабета Втора да се повлече од тронот по смртта на принцот Филип и да му го препушти на принцот Чарлс, тоа нема да се случи, пишува „Гардијан“. Кралските експерти потенцираа дека кралицата нема намера да абдицира, а главната причина за тоа беше фактот што таа се заколна пред Бога кога беше крунисана.

По смртта на принцот Филип, поранешниот премиер Џон Мејџор истакна дека кралицата ќе биде многу осамена.

„Нема многу луѓе на кои таа може да им го отвори срцето, со кои може да биде целосно искрена и да ги открие своите големи тајни. Досега таа беше во можност да се потпре на Филип и тој беше личност која секогаш и помагаше да се справи со проблемите“, рече Мејџор во емисија на „Би-Би-Си“.

Мејџор, исто така, рече дека кралицата следната година ќе прослави 70 години на тронот, што е многу важен јубилеј.

„Тоа е прекрасна можност да славиме. Потребна ни е кралица со големо искуство, а кралицата Елизабета сè уште успешно ги извршува сите свои должности“, додаде тој.

Посочи и дека загубата на нејзиниот сопруг ќе остави последици врз приватниот живот на кралицата, но исто така бил сигурен дека тоа воопшто нема да влијае на нејзината работа.

Слични содржини