Кралицата Елизабета за најновата комбинација, инспирацијата ја нашла во принцезата Дијана

Британската кралица Елизабета Втора, дури и на 93 години знае како добро да се облече.

Тоа што е во повозрасните години, не значи дека не смее да носи ведри и весели бои, што го докажа со фустанот во две бои на последната работна обврска вчера.,

Овој избор многумина ги потсети на оној на принцезата Дијана од 1989 година, што го носела за време на посетата на Кувајт. Токму поради тоа, се претпоставува дека кралицата инспирацијата ја пронашла токму во починатата поранешна снаа.

И додека принцезата покрај фустанот во разиграни тонови, носела и чевли во црвена боја и шешир, Елизабета носела црни чевли, а од модни додатоци, само елегантен ѓердан од бисери во неколку низи.

Слични содржини