Кралски експерти: „Вилијам нема да зборува со Хари додека не се извини за нападите“

од Radmila Tasevska

Принцот Хари ја посети Велика Британија по веста дека на кралот Чарлс му бил дијагностициран рак. Имал средба со својот татко која траела само 45 минути, а следниот ден војводата од Сасекс се вратил во Калифорнија. Тој не се сретнал со својот брат Вилијам.

„Принцот Вилијам воопшто не е заинтересиран да разговара со Хари додека тој не се извини за неговите напади врз кралското семејство“, изјавил кралски експерт, пренесува Дејли мејл. Многумина го гледаа доаѓањето на Хари како „знак на помирување“ откако помладиот британски принц се оддалечи од семејството, а не во најдобри услови.

Но, Хари се врати дома по само еден ден во Лондон. Покрај тоа, тој не преноќил во еден од имотите на палатата, туку се упатил кон хотелот. Извори блиски до војводата од Сасекс тврдат дека Хари дошол во Лондон исклучиво за да го посети својот татко, но тој сигурно не би одбил средба со Вилијам доколку се укаже прилика.

„Вилијам нема да зборува со Хари додека не се извини за годините на грубост и зборови што ги упати кон него и кон принцезата од Велс. Вилијам сигурно е бесен затоа што го поддржуваше Хари сите овие години“, додаде авторката Ингрид Севард.

За потсетување, Хари пред неколку години изјави дека тој и Вилијам „оделе по различни патишта“.

„Дел од овие улоги во кои се наоѓаме е да се справуваме со голем притисок. Неизбежно ќе има тепачки. Но, ние секогаш ќе бидеме браќа, јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека ќе биде за мене“, рече тогаш.

Слични содржини