Кривична пријава за лице од Скопје за тргување со отпад без дозвола

од Radmila Tasevska

Кривична пријава доби 53 годишниот М.Ј. од Скопје поради тргување со отпад без поседување дозвола од страна Министерството за животна средина и просторно планирање за вршење на дејноста.

-На 27.07.2023, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје и инспектори од Државен пазарен инспекторат и Државен инспекторат за животна средина, на нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во општина Чаир го затекнале пријавениот како тргува со отпад без да поседува дозвола за вршење дејноста издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање, известуваат од Министерството за внатрешни работи.

Оттаму информираат дека Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје има поднесено кривична пријава против него поради основано сомнение за сторено кривично  дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.

Слични содржини