Кривична за поранешниот градоначалник на Струмица, не спречил дивоградба

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, како и против тројца вработени во Општината за несовесно работење во слуќбата и за за злоупотреба на службената должност и овластување. Едно лице доби кривична пријава за бесправно градење.

од Vladimir Zorba
21 прегледи Фото: Фејсбук

Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов, како и против тројца вработени во Општината за несовесно работење во слуќбата и за за злоупотреба на службената должност и овластување. Едно лице доби кривична пријава за бесправно градење.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К.(36), С.Р.(38), М.Т.(42), С.О.(61) и Ѓ.М. (54), сите од Струмица.

-Кривичните пријави се поднесени поради основано сомневање дека К.К., С.Р. и С.О. сториле кривичното дело „несовесно работење во службата“ по член 353-в, М.Т. го сторила кривичното дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353, а Ѓ.М. сторил кривично дело „бесправно градење“ по член 244- а од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Како што објаснуваат од полицијата пријавената М.Т. во време кога е направено делото била работена како советник –урбанистички аналитичар во Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица.

-Таа ги пречекорила границите на своите службени овластувања така што постапувајќи спротивно од одредбите на Законот за градење и ограничувањето на деталниот урбанистички план според кој на конкретната локација воопшто не бил предвидена градба, изготвила одобрение за реконструкција. Ваквото нешто воопшто не можело да се смета за реконструкција од причина што предвидените градежни дејствија всушност претставувале нова градба. Истото било евидентно и во самиот основен проект доставен од подносителот во постапката, која постапка наместо да
се води како постапка за реконструкција, истата имала елементи на спроведена и одобрена постапка за изградба на нов објект, соопшти МВР.

Пријавената С.Р. во време кога е сторено кривичното дело, како што соопшти полицијата, била раководител на Сектор за урбанизам комунални работи и градежно земјиште при Општина Струмица.

-Таа постапила несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштила должен надзор во целата постапка и го одобрила предметното одобрение за реконструкција иако знаела, односно морала да знае дека не се работи за реконструкција туку за изградба на сосема нов објект на место каде што согласно деталниот урбанистички план не е предвидена изградба на објект, соопшти МВР.

Според МВР првопријавениот К.К, кој тогаш бил градоначалник на Струмица, исто така постапил несовесно при вршењето на своите службени овластувања, пропуштил должен надзор во постапката и притоа го потпишал изготвеното одобрение за реконструкција.

-Пријавениот Ѓ.М. без да чека правосилно завршување на постапката по предметното барање за реконструкција, започнал со градба на сопствена одговорност и ризик, при што под изговорот за реконструкција на постоечки објект на парцела каде согласно ДУП не е предвидена градба изградил нов објект од втора категорија, соопшти МВР.

Кривична пријава доби и тогашната градешна инспекторка во Струмица С.О. бидејќи во постапката која ја водела против Ѓ.М. место да констатира дека се работи за бесправно градење на градба од втора категорија, односно место да констатира кривично дело кое се гони по службена должност, таа констатирала дека се работи за прекршок од Законот за градење.

-Иако согласно документите кои ги извела како доказ во постапката на инспекцискиот надзор можела и морала да знае дека не се работи за реконструкција на постоечки објект туку всушност се работи за изградба на сосема нов објект, соопшти МВР.