Кубанската вакцина „Абдала“ со ефикасност од 92,28 отсто

од Stefanija Kuzmanovska

Вакцината против коронавирус „Абдала“, една од неколкуте кои ги развива Куба, покажа ефикасност од 92,28 отсто, соопшти лабораторијата која го тестираше производот.

Центарот за генетско инженерство и биотехнологија, кој ја разви вакцината, објаснува дека оваа ефикасност се постигнува по три дози.

„Абдала“ е во последна фаза на клинички испитувања и мора да добие официјално одобрение од кубанските власти што се очекува најдоцна до почетокот на јули.

Слични содржини