Кукуреља го избра Челзи пред Сити!

од Nikola Popovski

Шпанскиот фудбалер Марк Кукуреља е нов играч на лондонски Челзи, потврди спортскиот новинар Фабрицио Романо.

Поранешниот играч на Брајтон во четврток би требало да ги помине лекарските прегледи, а потоа да потпише шестгодишен договор со сините.

Клубот од Стемфорд Бриџ плати 62 милиони евра за 24-годишниот дефанзивец.

Како дел од зделката во спротивна насока, ќе замине талентираниот фудбалер на Челзи, Леви Колвил.

Тимот на Томас Тухем на тој начин ја доби битката со Сити, бидејќи Шпанецот веќе се гледаше како нов член на „Граѓаните“.

Кукуреља имаше одлична минатата сезона во дресот на Галебов, одигра 38 натпревари во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Во Брајтон дојде во 2021 година од Хетафе, а претходно играше и за Еибар. Кариерата ја започна во јуниорските категории на Еспањол и Барселона, но не забележа ниту еден настап за Каталонците.

Може да игра на левата и централната бековска позиција.

Слични содржини