Курти ќе го информира Собранието на Косово за дијалогот со Србија

од Берта Китинска

Косовскиот премиер Албин Курти денеска ќе се појави пред членовите на косовското собрание за да ги информира за позицијата на косовската влада пред продолжувањето на дијалогот со Србија закажано за 15 јуни, пренесува Репортери.

Ќе се дискутира и измени на одлуката за формираат парламентарни комисии, преглед на годишниот извештај на Агенцијата за информации и приватност за 2020 година, како и дискусии за економската состојба како резултат на пандемијата на коронавирусите.

Неодамна, портпаролот на ЕУ Питер Стано објави дека на 15 јуни ќе се одржи нова рунда дијалог меѓу Белград и Приштина.

„На состанокот ќе присуствува претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и за прв пат новиот премиер на Косово, Албин Курти“, најави Стано.

Слични содржини