Курти: Не може да има договор со Србија ако ставот на Вучиќ е „и ние треба да добиеме нешто“

од Aleksandar Petrovski

Новиот претседател на Владата на Косово Албин Курти вели дека не може да има договор со Србија доколку ставот на претседателот на таа држава Александар Вучиќ е „и ние треба да добиеме нешто“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во синоќешното интервју за државната телевизија РТК, Курти порача дека таквите ставови на српскиот претседател „не можат да бидат појдовна точка за решавање на проблемите“ меѓу двете држави.

– Ние не сме тука за да компензираме апетити, туку да лечиме рани. Со еден таков однос не гледам дека можеме да постигнеме спогодба, туку заедно со западните држави можеме да создадеме контекст во кој може да се најде решение, рече Курти.

Новиот косовски премиер порача дека српската држава „нема што да бара во Косово“.

– Иако никогаш не го поседувала суштински, Србија дефинитвно го изгуби Косово во времето на режимот на Слободан Милошевиќ, изјави Курти.

Слични содржини