Курц поднесе оставка

од Vladimir Zorba

Австрискиот канцелар Себастијан Курц поднесе оставка.

Според австриските медиуми, неговото место ќе го заземе Александар Шаленберг, шефот на австриската дипломатија.

Курц на прес -конференцијата рече дека неговата оставка е „привремена“ и дека има намера да се врати на функцијата кога „обвинувањата на обвинителството против него ќе се покажат како неосновани“.

„Се согласувам да спречиме хаос и да ја решиме ситуацијата во која се најде коалицијата“, рече тој.

Тој најави дека ќе се пресели во парламентот како шеф на парламентарниот клуб на неговата партија.

„Мојата земја ми е поважна од мене. Сега се потребни стабилни услови. Затоа, би сакал да направам простор за решавање на застојот“, рече тој во своето обраќање.

Треба да се потсети дека Обвинителството за економски криминал и корупција започна истрага против него и неколку членови на владејачката Австриска народна партија за проневера и корупција, а Курц ги отфрли тие обвинувања.

Слични содржини