Квјат објасни зошто не клекнал да протестира против расизмот: Ние Русите не го правиме тоа!

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот возач Данил Квјат, кој вози за тимот „Алфа Таури“ во Формула 1, објасни зошто не им се придружил на другите возачи и не клекнал да протестира против расизмот.

„Тоа е личен избор на секој од нас. Никој не присилува никој да стори ништо, секој возач, секој соработник во Формула 1 го прави она што мисли дека треба. Нема драма во тоа. За некој, клекнувањето е нешто сосема нормално. Сакам да ја изразам својата позиција на поинаков начин, како и некои мои колеги. Сите ние се бориме против расизмот, секој на свој начин“, изјави Квјат за рускиот ТВ канал „Русија 1“.

Една недела пред трката во Австрија, Квајт одби да клекне во знак на поддршка на движењето „Црните животи значат“.

За време на телевизискиот пренос, возачите можеа да се видат како излегуваат во маици со натпис „Црните животи значат“ или „Крај на расизмот“.

Меѓутоа, кога се слушна австриската химна, на возачите им беше предложено да клекнат. Сепак, шестмина останаа на нозе: Макс Верстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Кими Раиконен и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео), Карлос Сајнц (Мекларен) и Даниел Квјат.

Објаснија дека ја поддржуваат борбата против расизмот, но дека тоа мора да се рефлектира во секојдневниот живот, а не во симболични гестови.

„Ја објаснив мојата позиција минатата недела. Сите возачи се обединети во борбата против расизмот, ние го изразивме нашиот став облечени во маички со натпис „Крај на расизмот“. Но, јас сум против клекнување, тоа е против рускиот менталитет, не правиме вакво нешто туку така, секогаш ни треба некоја исклучителна причина“, рече Квјат.

Слични содржини