Лапорта најави почеток на реновирање на „Камп Ноу“, ќе платат 15-20 милиони кирија за друг стадион

од Vladimir Zorba

Барселона најави почеток на реконструкција на стадионот „Камп Ноу“.

Реновирањето на стадионот ќе започне летово, но тоа нема да ги спречи Каталонците во новата сезона да играат во клупскиот објект.

Во сезоната 2023/24 Барса домашните натпревари ќе ги игра на Олимпискиот стадион „Луис Компанис“ и тоа ќе не чини 15-20 милиони евра, изјави претседателот на клубот Жоан Лапорта на заедничката прес-конференција со општинските власти.

Поради овој потег, бројот на навивачи на домашните натпревари на Барселона ќе се намали речиси за половина.

Капацитетот на Камп Ноу е 98.000 гледачи, а капацитетот на „Луис Компанис“ е 55.000 гледачи.

Слични содржини