Лавров најави проширување на БРИКС

од Destan Jonuzi

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, ги најави преговорите за „критериумите и принципите на потенцијалното проширување“ на БРИКС. Лавров ова го соопшти за време на средбата со неговиот индиски колега Субрамањам Џаишанкар.

БРИКС претставува блок на брзорастечки економии составен од Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка.

„Пред да разговараме како и кога ќе започне проширувањето на БРИКС, се договоривме да преговараме за критериумите и принципите за разгледување на апликациите“, рече Лавров.

Тој додаде дека веќе добиле официјални апликации и оти очекуваат преговорите за критериумите и принципите да не траат долго.

Слични содржини