Лавров: Не ни е грижа дали Западот ги признава новите територии

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров, денеска пред новинарите изјави дека на Москва не ѝ е грижа дали Западот ќе ги признае четирите нови руски територии или не.

„Воопшто не ни е грижа“, рече Лавров, кој смета дека е „подобро целиот свет да ја прифати оваа нова реалност“, пренесува ТАСС.

Рускиот министер за надворешни работи истакна дека „колективниот Запад“ ги уценува азиските, африканските и латиноамериканските народи, барајќи од нив да ја осудат Русија.

Слични содржини