Лазарова: За 15 отсто зголемени бодовите за матичните лекари (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Матичните лекари и гинеколози од 1 октомври добиваат зголемување на бодот за капитација од 8 денари што е за 16 отсто повеќе од досега. 8 денари зголемување добиваат и матичните стоматолози, што е зголемување од 20 отсто. Го зголемуваме и надоместокот за приватните специјалисти стоматолози по протетика и орална хирургија, кои наместо сегашните 90.000 денари ќе добиваат 103.000 денари месечно“, вели денеска Мери Лазарова, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

„Висината на надоместокот на приватните специјалисти-ортодонти од 97.000 денари се качува на 111.000 денари месечно. Се зголемува и надоместокот за сите останати приватни специјалисти од другите дејности кои имаат договор со Фондот, кое изнесува околу 15 отсто, за што се обезбедени вкупно 62,5 милиони денари“, посочува таа.

Слични содржини