Лажни се денешните дојави за бомби во училиштата и скопскиот аеродром, велат од МВР

од Radmila Tasevska

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Слични содржини