Ле Пен: Франција во ќорсокак, никој не знае од каде ќе дојде премиерот

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Денеска се најдовме во ќорсокак бидејќи никој не може да знае од каде ќе дојде премиерот, ниту каква политика ќе води земјата, изјави пред новинарите по пристигнувањето во парламентот лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен.

Ле Пен ги осуди предизборните договори за кои рече дека ја спречиле нејзината партија Национален собир (НС) да дојде на власт, објави ТВ БФМ.

„Тоа е само одложување“, рече таа пред Националното собрание, во кое се враќаат пратениците на НС и посочи дека Националното собрание мора да ја одразува застапеноста на сите Французи.

Слични содржини