Леброн уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА лигата

од Stefanija Kuzmanovska

Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс уште еднаш го запиша своето име во историјата на НБА лигата.

Неговиот тим рано утово го победи Мајами (116:98), а тој стана 7-ми играч во историјата на лигата што одиграл 50 натпревари во последната серија.

Во случај пресметката со Мајами д атрае максимални седум меча, тогаш Џејмс ќе биде изедначен во овој индикатор со Карим Абдул-Џабар кој има 56 натпревари во финалето и се наоѓа на третото место.

Лидер е Бил Расел со 70 финални средби.

Леброн Џејмс се искачи на 5.место по погодени слободни фрлања, на второ по реализирани тројки и на четврто по број на „дабл-дабл“.

Слични содржини