Леди Гага за односот со Бредли Купер: Сето тоа го вежбавме со денови

„ Медиумите се луди, сето тоа го вежбавме со денови“, Леди Гага искрено прозборе за односот со Бредли Купер и гласините за тајната врска со познатиот актер.

Настапот на Леди Гага и Бредли Купер на овогодинешните доделувања на Оскарите бил само тоа, настап – изјавила за списанието Elle, самата пејачка.

Во разговорот, кој го водела Опра Винфри, Леди Гага рекла дека нивната романтична изведба на хитот Shallow од филмот „Ѕвездата е родена“ била само добра глума.

– Сите паднаа на нашата глума. Направивме феноменална љубовна приказна. Како музичар и актерка, секако дека сакав луѓето да поверуваат во нашата заљубеност. На тоа напорно работевме и вежбавме со денови – рекла Гага.

За потсетување, веднаш по настапот светската јавност започна да шпекулира дека пејачката и актерот се во тајна врска, иако и двајцата, во тој момент, беа во врска.

Но, и Гага и Купер во меѓувреме ги прекинаа врските, таа ја откажа веридбата со Christian Carino, а Бредли продолжи без руската манекенка Irina Shayk.

Слични содржини