Легендарен напаѓач на Барселона и Интер обвинет за местење натпревари

од Vladimir Zorba

Самуел Ето е обвинет за местење натпревари.

Поранешниот фудбалер, а сега претседател на Фудбалскиот сојуз на Камерун, одговори на обвинувањата и вели – не е виновен. Тој исто така вели сето тоа е дел од кампањата против него што ја започнаа оние што сакаат да го соборат.

Камерунските медиуми објавија дека Ето помогнал на второлигашот Викторија Јунајтед. Наводно, корупциската мрежа може да вклучува до 40 лица.

Поддршка во овој случај Ето доби од првиот човек на ФИФА и репрезентацијата на Камерун, кој со соопштение гарантира дека Ето е невин во целиот овој случај со кој се занимаваат медиумите.

Истрагата е во тек и се очекува да заврши за неколку дена. Иако тамошните медиуми кои први ја објавија веста потсетуваат дека Ето е невин додека не се докаже спротивното, британски „Гардијан“ наведува дека има и видеа кои покажуваат дека Ето е вмешан во оваа афера.

Слични содржини