Легендата на Ленинград ѝ пркоси на полицијата на Путин: Приведена баба (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Руската полиција денеска за време на протестот во Санкт Петербург (поранешен Ленинград) ја уапси Јелена Осипова, жена која преживеала повеќе од 900 дена од опсадата на Ленинград за време на Втората светска војна, и која излегла на улиците да се спротивстави на агресијата врз Украина.

Илјадници Руси излегоа на протести ширум Русија во знак на протест поради руската агресија врз Украина.

Осипова го изрази своето незадоволство пишувајќи на два хмаери дека е против војна и убивање и за мир во Украина.

Меѓутоа, како што може да се види на видеата кои се појавија на Твитер, двајца крупни полицајци и пришле на старицата и ја уапсиле, додека демонстрантите извикувале слогани против војната околу неа.

 

Слични содржини