Лејди Гага донираше 1 милион за жртвите од катастрофите во САД и на Карибите

од Vladimir Zorba

Лејди Гага донираше 1 милион долари за да им помогне на жртвите на ураганите во САД и на Карибите. Пејачката потврди дека направила дарежливa донација, коja ќе биде насоченa кон населението во Тексас, Флорида, Порторико и Карибите, како и кон настраданите во земјотресот во Мексико.

“Покрај молитвата секој ден, донирав 1 милион долари за да им помогнам на Харви, Ирма, Хозе, Марија и на земјотресот во Мексико Сити”, пишува ѕвездата во Твитер.

Со оваа пејачка се приклучи на долгата листа на ѕвезди кои донираа средства за таа цел како Бијонсе, Џастин Бибер, Џими Фалон, Џенифер Лопез, Кевин Харт и други.

Пејачката Пинк, исто така, донираше 500.000 долари за жртвите. Во исто време, актерката Кејт Хадсон објави дека нејзината Fabletics ќе донира 100% од нејзиниот нето приход за да им помогне на погодените области.

Слични содржини